Одбележан јубилејот по повод 40 годишнината од големото осветување на црквата Св. Никола - Престон

1505

На 28 април, 2018 година, во црквата Свети Никола во Престон, Викторија, беше одбележен јубилејот по повод 40 годишнината од големото осветување на црквата во МПЦО Св. Никола – Престон.

Прославувањето започна со вечерна богослужба, по што, преку архиерејскиот намесник, протоерејот-ставрофор Тоне Гулев, беше произнесено поздравното слово и благословот од надлежниот архиереј Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

По Вечерната Богослужба и духовната академија, свештениците заедно со верниот народ прославувањето на јубилејот го продолжија во црковната трпезарија каде беше подготвена закуска за сите присутни.

Меѓу присутните беа свештениците од МПЦЕАНЗ, верници од македонската заедница и министерот за мултикултура на Викторија – Робин Скот.

Нека е за многу години!

Христос Воскресна!

Previous articleСвета Литургија во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин
Next articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук