Како да те погребам, Боже мој?

2637

Тебе Кој со Светлина се облекуваш како со облека, кога Јосиф Те симна од крстот со Никодим, и кога Те виде мрстов, необлечен и непогребан, од срце заплака и ридајќи говореше: Тешко мене, насладок Исусе, од Кого сонцето, гледајќи Те на крстот, во мрак се облече, и земјата се тресеше и се раздра црковната завеса; но, ете, сега Те гледам Тебе, Кој заради мене прими смрт: како да те погребам, Боже мој? Со каква плаштаница да Те завиткам? Со кои раце да се допрам до Твоето нетлено тело? Или која песна да запеам на Твоето заминување, Милостиве? Ги величам страдањата Твои, го воспевам и Твоето погребение со воскресението, извикувајќи: Господи, слава Ти. (Стихира, глас 5)

Previous articleЛуѓе мои, што ви направив а што ми вративте…
Next articleСлужба на Светите и Спасителни Христови Страдања во црквата Свети Никола во Перт