СЛУЖБЕН ДЕЛ НА АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА (12.11.2022 – 08.12.2022)

954

БОГОСЛУЖБИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи да богослужи Вечерна богослужба, Божествена Литургија и да проповеда:

На 12.11.2022 – Св. ап Клеопа; Св. Зиновиј и Зиновија – Архиерејска вечерна богослужба во црквата Св. Пророк Илија во Фуцкреј;

На 13.11.2022 – Св. ап. Стахиј, Амплиј, Урбан и др.– Архиерејска Божествена Литургија во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам;

На 13.11.2022 – Св. ап. Стахиј, Амплиј, Урбан и др. – Архиерејска празнична вечерна во црквата Света Петка во Мил Парк;

На 14.11.2022 – Св. Бесребреници Козма и Дамјан – Празнична Архиерејска Божествена Литургија во црквата Света Петка во Мил Парк;

На 18.11.2022 – Преп.мч.ци Галактион и Епистима – Архиерејска вечерна во црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл;

На 19.11.2022 – Св. Павле Исповедник – Архиерејска Божествена Литургија во црквата Свети Димитриј Солунски во Спрингвајл;

На 19.11.2022 – Св. Павле Исповедник – Архиерејска вечерна во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг;

На 20.11.2022 – Св. мч. Авкт, Таврион и Тесалоникија Македонски – Празнична Архиерејска литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг;

На 20.11.2022 – Св. мч. Авкт, Таврион и Тесалоникија Македонски –  Празнична Архиерејска вечерна во црквата Свети Никола во Перт;

На 21.11.2022 – Собор на св. Архангел Михаил; св. Ангел Лерински –   Архиерејска Празнична Божествена Литургија во црквата Св. Никола во Перт;

На 23.11.2022 – Св. ап-ли Ерас и Олимп и др. – Празнична вечерна во црквата Свети Никола во Престон;

На 24.11.2022 – Св. вмч Мино – Празнична Божествена Литургија во црквата во црквата Свети Никола во Престон;

На 25.11.2022 – Св. Јован Милостив, – Архиерејска вечерна богослужба во црквата Успение на Пресвета Богородица во Бризбен;

На 26.11.2022 – Св. Јован Златоуст – Архиерејска Божествена Литургија во црквата Успение на Пресвета Богородица во Бризбен;

На 26.11.2022 – Св. Јован Златоуст – Архиерејска вечерна богослужба во Свети Пророк Илија во Силванија;

На 27.11.2022 – Св. Ап. Филип; св. Григориј Палама; Св. Јустинијан –Благоизволи да сослужува на Архиерејската литургија, чиноначалствувана од австралиско-новозеландскиот епископ г. Силуан на Српската православна црква во храмот на Свети Георгиј Победоносец во Камбера;

На 02.12.2022 – Предпразнество на Воведение; Преп. Григориј Декаполит –  Архиерејска вечерна богослужба во црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла;

На 03.12.2022 – Преп. Григориј Декаполит –  Архиерејска вечерна богослужба во црквата „Свети Климент Охридски“ во Порт Кембла;

На 04.12.2022 – Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста) – Архиерејска празнична Божествена Литургија во сослужение на австралиско-новозеландскиот епископ Силуан на Српската православна црква во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул;

На 05.12.2022 – Св. мч. Цицилија и Св. Калист Цариградски – Вечерна богослужба во црквата „Свети Никола Мирликиски“ во Банкстоун, Сиднеј, на Антиохиската Православна Црква;

На 06.12.2022, благоволи да сослужува со неговото Високопреосвештенство г. Василиј Коцеи, архиепископот на Антиохиската архиепископија за Австралија, Нов Зеланд и Филипините, на Архиерејската божествена Литургија по повод чествувањето на свети Николај Мирликиски, според новиот календар,  во црквата во Панчбаул во предградието на Сиднеј;

На 06.12.2022 – Св. Анфилохиј Икониски Архиерејска Вечерна богослужба во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук;

На 07.12.2022 – Св. вмч Меркуриј, св.в.мч. Екатерина – Архиерејска Божествена Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук;

На 07.12.2022 – Св. вмч Меркуриј, св.вмч. Екатерина – Архиерејска Вечерна богослужба во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук;

На 08.12.2022 – Св. Климент Охридски – Архиерејска празнична Божествена Литургија во црквата св. Пантелејмон и св. Седмочисленици во Фуцкреј.

ЧИНОДЕЈСТВИЈА, РАКОПРОИЗВОДСТВА И ОДЛИКУВАЊА:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи:

На 26.11.2022 г., да ги венча Русе и Пенка Груевски од Бризбен во црквата Успение на Пресвета Богородица во Вудриџ, Бризбен; 

На 04.12.2022г., да го произведе чтецот Јордан Блажевски во ипоѓакон, во црквата Воведение на Пресвета Богородица во Ливерпул;

На 07.12.2022 г., да го ракопроизведе неговото преподобие, игуменот Никодим Солунчев во архимандритски чин, според Одлуката на САС на МПЦ од 22.05.2022 г., и да го одликува со Архимандритски чин, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, и

На 08.12.2022 г., да го ракопроизведе во чин „чтец“ Маријан Колевски во црквата „Св. Пророк Илија“ во Футскрај.

ПРЕТСЕДАВАЊА, СОСТАНОЦИ, СРЕДБИ И ПОСЕТИ:

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, благоволи:

На 18.11.2022 г., да ја посети Архиепископијата на Антиохиската православна црква за Австралија, Нов Зеланд и Филипините, и да оствари средба со надлежниот Архиепископ г. Василиј Коцеи во неговата резиденција во Сиднеј;

На 22.11.2022 г., –  да претседава со седницата на Епархискиот Управен Одбор на МПЦЕАНЗ во Митрополијата при црквата  Свети Илија во Фуцкреј, и

На 07.12.2022 г., да претседава со Седницата на Епархиското свештеничко собрание, одржано во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук;

Од Канцеларијата на МПЦЕАНЗ

Previous articleЕпархиско свештеничко собрание во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук
Next articleОдбележан крајот на учебната 2022 за учениците од наставата по веронаука во училиштето Карлтон, Сиднеј