Што ли ќе ожнее човекот во нивата на својата душа?

2414

Човекот, во нивата на својата душа не треба да се труди напразно, туку да бдее над себеси за да не би дошле арамии: светот, ѓаволот, заговорот и смртта и да украдат сè.
Доаѓа светот и го зема данокот, привлекува со богатството, раскошот и славољубието.
Доаѓа сатаната – последни ги зема: чистотата, целомудроста, невиноста и стравот Божји. Доаѓа староста и смртта, човекот посакува да ожнее нешто од својата нива, но никаков плод не наоѓа. Само понекогаш во неговиот грешен живот имал намера да направи некое добро дело. И човекот жали што го проживеа својот век не здобивајќи добри дела за идниот живот.
Дојде смртта, и нема време за покајание, солзи и молитви.

Севастијан Картагински

Previous articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Перт (11-та Недела по Педесетница)
Next articleСвета Литургија во Соборната црква во Сиденхам (12-та Недела по Педесетница)