Благодарете за сѐ оти таква е волјата Божја за вас

1983

Поставете си правило секојдневно да Му благодарите на Господа за вашата чаша, т.е. за болестите и за сите страдања, за судбината на вашите синови и ќерки; со благодарење на Бога особено се оттргнуваат лошите помисли: кога ќе наидат такви помисли, „благодарењето“ се изразува со едноставни зборови, внимателно и често – сѐ додека не донесе смирение на срцето. Од лошите помисли нема никаква корист: тие не избавуваат од тага, не пружаат никаква помош, донесуваат само растроеност на душата и на телото. Значи, тие доаѓаат од демоните и треба да се отфрлат од себе. Лошите помисли се оттргнуваат со „благодарење“ кон Бога. Благодарењето најпрво го смирува срцето, потоа му донесува утеха, а на крај ќе донесе и небесна радост – залог и предвкус на вечната радост.

Свети апостол Павле во Посланието до Солунјаните вели, дека постојаното молитвено благодарење за сѐ што ќе се случи, е предание кое потекнува од Самиот Бог. „Благодарете за сѐ – вели тој – оти таква е волјата Божја во Христа Исуса спрема вас“ (1. Сол. 5,18). Ако нема ништо што би можело да се скрие од Бог, тогаш за сѐ што ќе се случи треба да Му се вознесува славословие. Благословен е нашиот Бог, Кој сѐ промислува! Благословен е Бог, Кој дозволува искушенија! Ништо не може да се случи без Негова волја!

Свети Игнатиј Брјанчанинов

Previous articleГрозје на љубовта
Next articleCветото Писмо