На 18 јануари 2018 година, на Водокрст, кога Црквата го празнува споменот на светите маченици Теопемт и Теона во црквата Свети Никола во Перт се отслужи вечерна богослужба со Света Василиева Литургија на која верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, според правилото беше извршен Голем водосвет.