Детенцето и песокот

2283

Едно детенце си играше во песокот. Немаше лопатче, па со раце ја полнеше кофичката. Долго така се трудеше и многу се натажи кога виде колку малку песок има во кофичката. Колку повеќе тоа грабеше и цврсто ги стегаше рачината, толку повеќе песокот му бегаше низ прстињата. Детето се налути, ама тоа не му помогна. Кофичката и понатаму беше скоро празна. Тогаш му текна, ги исправи рачината свои како лопатки, па така пренесувајќи го со отворени дланки песокот, набрзо ја наполни кофичката.

Животот е како песок. Повеќе го има во отворените дланки, отколку во стиснатите рачина. Кога нешто сакаш да имаш и не сакаш со никого да го споделиш, тоа од цврсто стегнатите рачиња бега како песокот низ прстињата.

Благословени се рацете кои даваат и споделуваат!

Бог ни дал многу, за да можеме и на другите да им подадеме и помогнеме.

Извор: Вистина – Гласник на Преспанско – пелагониската епархија, 83, Битола, 2014

 

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул (27-ма Недела по Педесетница)
Next articleThy kingdom come (Lord's prayer - explanation - part three)