ВО СЛАВА НА БОГА комплетно се заврши ПОКРИВАЊЕТО и се поставија МЕРМЕРНИТЕ ПРОЗОРИ – ТРАНЗЕНИ на НОВИОТ МАНАСТИРСКИ ХРАМ во МАНАСТИРОТ ДОНИБРУК
Посебна благодарност до Македонската Православната Младина (MOY) при Македонската Православна Црква, Епархија за Австралија и Нов Зеланд (МПЦЕАНЗ) за посветеноста и вложениот труд во завршувањето на оваа значајна фаза.
Вие со дела покажавте како се гради Црквата и се сака убавината на Господовиот дом!
Господ, за жртвата и даруваната ваша љубов, изобилно да ве дарува со своите благодатни и духовни дарови!
Благодарност до сите искрени пријатели, за поткрепата и помошта.
Благодарност и до сите добронамерни посетители на манастирот кои со своите прилози го помогнаа градењето.
Со Божја помош, под закрилата на преподобниот отец Прохор Пчински, со архиерејскиот благослов на високопреосветениот митрополит г. Петар и молитвите на игуманијата на манастирот Параскева, изградбата на манастирскиот храм скоро ќе заврши.
Остануваат уште: внатрешното малтерисување, подното поплочување, и поставувањето на влезните врати.
Нека е благословено името Господово!