Иако сум паднат, јас ќе станам!

1565

„Не радувај се на мојата мака, непријателу мој! Иако сум паднат, јас ќе станам“ (Михеј 7,8).

Никогаш не очајувај во Божјата милост. Со какви гревови да си врзан по ѓаволско искушение, моли се од сè срце со надеж, дека ќе бидеш помилуван! Чукај на вратите на Божјото милосрдие – и ќе ти биде отворено!

На оние кои лесно очајуваат, може да им помогне мислата кажана од светите Отци, дека ѓаволот пред погрешувањето го претставува гревот како ништожен и опростив, особено при Божјото велико милосрдие, а после паѓањето, со цел да го доведе грешникот до очајание, истиот грев го претставува како неопростив и го претставува Бога како неумолив.

Блазе на оној христијанин, кој исправен пред искушението да згреши, не се однесува лесномислено, надевајќи се на Божјото милосрдие, но мисли на адот, во кој неминовно ќе го вовлече неговиот грев ако тој не се покае – таа мисла го запазува од паѓање. Ако, пак, згреши, волно или неволно, вистинскиот христијанин, колку и да се наскрбува, дека го огорчил и го прогневил Бога, не се предава на очајанието, а длабоко се смирува и си кажува: „Христос дојде да ги спаси таквите грешници, каков што сум јас. Каква полза за небото и за мене, ако очајам? Ќе го израдувам само сатаната, а уште повеќе ќе го огорчам Бога. Затоа ќе станам и ќе се вратам при мојот Создател. Тој е љубов. Нема да ме отфрли… Самиот Тој кажал, дека голема радост имаат ангелите Божји за еден грешник кој се кае (Лука 15,10).

Архимандрит Серафим (Алексиев)

Previous articleСвети Пантелејмон направи чудо – ја исцели мојата болна жена
Next articleHe who believes – he loves and sacrifices himself