Малиот Лазар

2956

Во некое мало место, живеело момче по име Лазар. Лазар, секој ден наутро доаѓал во храмот, секогаш точно во 7 часот. Пред да се отворела вратата, момченцето веќе било тука и чекало. Штом ќе се отворела вратата, тој прв дотрчувал до олтарот. Ќе ги склопел дланките молитвено по што веднаш заминувал и трчајќи одел на училиште за да не задоцни.

Момчето, така правело со години. Свештеникот го забележал тоа и решил да го запраша Лазар, зошто така кратко се моли и како се моли.

“Добро утро Исусе Христе, дојдов да Те видам” –  тоа била неговата молитва.
“И тоа е сè? –  прашал свештеникот.
“Сè” – кратко одговорил Лазар, брзајќи за на училиште.

Момчето и понатаму, на истиот начин доаѓало во храмот, застанувало пред иконата на Исус Христос и потоа брзајќи заминувало.

Еден ден, малиот Лазар не дошол во храмот, исто така и наредниот…

Свештеникот се загрижил за него и решил да отиде во училиштето каде Лазар учел за да го побара. Таму му рекле дека Лазар е во болница и дека на улица го удрил камион.

Повредата била сериозна. Лазар бил пренесен на ургентното одделение. Свештеникот веднаш се упатил таму. Веќе на болничката врата, дежурната сестра знаела кого го бара. Таа, му кажала една необична вест во врска со тоа момче. Иако сериозно повреден и поднесува силни болки, – рекла сестрата –  Лазар е среќен и го развеселува целото одделение, каде што обично лежат најтешките случаи.

Кога свештеникот стигнал до Лазар, бил изненаден, колку радост има во таа соба, наспроти болката која сите ја имале. Лазар радосно се насмевнал и го поздравил збунетиот свештеник. На крајот, свештеникот го запрашал, како може да биде радосен и покрај болките кои ги има, и покрај раните здобиени во сообраќајната несреќа.

“На што се радуваш, Лазаре? – го запрашал.

“На Исус Христос” – одговорил Лазар.

“Па, како тоа, кога веќе ти не доаѓаш во храмот, и не се молиш пред иконата на Господа?” и понатаму распрашувал свештеникот.

“Да” одговорил Лазар, смеејќи се, – но секое утро Исус Христос доаѓа кај мене и ми вели: “Добро утро Лазаре, дојдов да те видам“.

Кога свештеникот го слушнал тоа, сè му станало јасно и повеќе не прашувал. Се радувал заедно со Лазар.

Извор: Вистина – Гласник на Преспанско-пелагониската епархија, 69, 2010

Previous articleHoly Divine Liturgy in the church of St. Zlata of Meglen in Werribee
Next articleСвето Писмо