Митрополит Петар: Се радуваме што БПЦ сака да ни помогне, меѓутоа сметките уште на почетокот да ни бидат чисти

2948

„…Ако погледнеме на тврдењата, дека наводно сме еден народ и имаме еден јазик со бугарите, тогаш ние веднаш можеме да им понудиме да ги користат нашите богослужбени книги преведени на македонски литературен јазик. Па на тој начин Бугарската црква не треба да троши средства на нивно преведување, но, не мислам дека најпрво на тоа ќе се согласи бугарскиот Патријарх Неофит (заб. кој за медиумите изјави дека бугарите и македонците се „еден народ“), на тоа нема да се согласат ни другите владици, ниту, пак, свештениците на бугарската црква… И тука е доказот, дека не се работи за „еден јазик„ туку се два јазици и дека не сме „еден народ“ туку два народи

Ние се радуваме што БПЦ сака да ни помогне, меѓутоа да ни помогне така што да биде корисно за нас, односно да ни бидат сметките уште на почетокот чисти, оти ако се чисти сметките ќе ни биде и долга љубовта… И затоа да си се знае! Ние сме посебен народ, ние сме посебна држава, ние сме посебна црква со посебен јазик и писмо…“

Изјавата е дадена на 05.12.2017, на новинарско прашање во Емисијата „Отворено студио“ на ТВ НОВА

Previous articleНедела на Св. Григориј Палама – Света Литургија во црквата Св. Петка во Мил Парк
Next articleДванаесет параболи изговорени од Христос за Царството Небесно