Молитва за простување

3037

Спасителу мој, научи ме од сè срце да им простувам на оние што со нешто ме навредиле, бидејќи знам дека не можам да застанам пред Тебе со чувство на омраза што се крие во мојата душа. Господи, огрубело моето срце и во мене нема љубов. Научи ме да им простувам на оние што ме намразиле, оскрбиле или огорчиле, како што Ти Самиот, Спасителу мој, на крстот им прости на Твоите непријатели. Амин.

Previous articleНикој не се искачил на Небото живеејќи во задоволства
Next articleМолитвено одбележан храмовиот празник во црквата Свети Никола во Престон