Молитвено чествуван празникот Обрезание Господово и одржан Традиционалниот пикник во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин

2381

На 14 јануари, 2018 година, кога Црквата го празнува Обрезанието Господово, споменот на светиот Василиј Велики и го одбележува почетокот на Православната Нова Година, во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, се богослужеше празнична утрена богослужба и Света Василиева Литургија.

На Литургијата, многубројниот народ се заблагодари на Бога, упати молитви просејќи благословена година и се причести со Светите Христови Тајни.

Посетителите кои по повод божикните и новогодишни празници се собраа од Мелбурн и околината на Традиционалниот пикник, по богослужбата го вкусија благословеното манастирско гравче.

Чествувањето продолжи во прекрасниот амбиент околу манастирската црква. Насобраниот народ се радуваше, играше и пееше македонски песни и ора, и за манастирот како донација беа собрани значителна сума на средства.

Нека е за многу години!

 

Previous articleВечерна богослужба во црквата Свети Илија во Футскрај
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Никола во Престон (Обрезание Господово и Свети Василиј Велики)