Денес го почитуваме споменот на светиот апостол Тома, запаметен од сите како човекот кој се посомнева во воскресението на Христос, кога останатите апостоли му раскажаа за тоа. И ретко си го поставуваме прашањето, кој бил тој, каков човек бил, и зошто межел да се посомева?
Освен при спомнувањето, дека Спасителот го избира за апостол, за апостолот Тома во Евангелието читаме уште само два пати. Првото место е многу важно: кога Христос кажува на учениците, дека треба да се врати во Јудеја, за да го воскресне пријателот Лазар, па тие се грижат да го убедат да остане подалеку од убиствениот, опасен Ерусалим. И само Тома тогаш кажува: да отидеме с Него и да умреме со Него.
Уште пред воскресението на Христос, кога за учениците Тој е само учител, апостолот Тома бил подготвен од љубов и верност да умре со Него: не за да Го заштити и не надевајќи се на ништо повеќе, освен да ја сподели судбата со Него.
И ете тој човек, кој се толкава верност бил подготвен да ја сподели смртта на Спасителот, на другите ученици им го поставува прашањето: Возможно ли е тоа?… Тие му раскажуват, дека го виделе Воскреснатиот Христос, и тој не може да поверува. Зошто?
Можеби затоа што до светата Педесетница, до моментот на слегувањето на Светиот Дух над апостолите, тие остануваат плашливи, често луѓе кои не разбираат и се колебаат? Како би можел да поверува дека Христос воскреснал, според единственото сведоштво – радоста на учениците, кога гледа, дека тие се истите луѓе, непроменети и во ништо поразлични од предходно.
За да ја прими веста за воскресението, тој имал потреба од друга потврда, поголема од радосните зборови на апостолите. Затоа што разбирал, дека ако Христос воскреснал, со тоа сè во светот би се променило; дека последната победа не е на човекот, туку на Бога, дека љубовта, а не омразата веќе владее над сè, дека сега ние живееме во нов свет, зашто Бог дејствително влегол во тој свет и го преобразил во свет на вечниот живот, а не само на тлениот, понекогаш долг, но само времен живот.
Тома поверувал кога Спасителот застанал пред него. Поверувал, затоа што сè во Спасителот било сјаење на вечниот живот и Тој застанал пред своите ученици не повеќе како Исус од Назарет – нивниот учител, но како Воскреснатиот Господ, во силата и славата на Своето Воскресение, па макар рацете, нозете и телото му биле прободени со клинци и копје.
Христовото Воскресение не го надмина трагичното во животот. Христос влегол во животот, за да ја понесе целата трагедија и да ја преобразува во победа. Телото Му останува тело на Распнатиот Христос, додека и да има еден грешник на земјата. И во вечноста ќе застане пред нас, имено таков, зашто Неговото распетие говори за бескрајната љубов Божја.
И гледајќи го Него, Распнатиот Христос, во славата на Воскресението, апостолот Тома Му се поклонува и го произнесува последното торжествено сведоштво, кое што ние треба да го произнесеме пред светот низ животот и преку животот врз светот: Господ мој и Бог мој!
Но како луѓето, на кои што ќе им кажеме за Христовото Воскресение и ќе ги известиме, дека Тој воскресна, дека Тој е Бог, дека Тој победил – како тие луѓе ќе поверуваат, ако сме подобни на апостолите, кои можеби се радуват за тоа што го преживеале, но не можат да ја јават ниту силата, ниту славата на Воскресението?
Затоа, ние кои веруваме, треба да станеме народ на нови, обновени, поинакви луѓе: луѓе кои веруваат во вечниот живот, луѓе, во кои торжествува победата над смртта уште сега. Зашто приопштувајќи се кон смртта на Христос, ние треба да го живееме вечниот живот на Воскреснатиот Господ; да го живееме Божествениот Живот. Тогаш не би се плашеле од смртта и страданијата; не би се плашеле од ништо на светот, зашто никој не може да ни го одземе тој живот. И тогаш би останале живи, радосни и убедливи сведоци на тоа, дека Христос Воскресна, затоа што другите ќе видат во нас вечно живи луѓе, кои научиле да се сакаат, дури и во времениот живот; се научиле да веруваат во човекот, онака како што само Бог умее да верува во него; на сè да се надеваат и сè да победуваат, предавајќи се себе си безгранично во радоста, љубовта и побетата на Господа. Амин.
Митрополит Антониј Суружки