Подвигот да се радуваме е подвиг на нашето достигнување на Христос

1372

Ние можеме секој ден да наоѓаме по некој збор на благодарност за нешто конкретно, за нешто простичко – затоа што Господ ни ја дал можноста во даден ден да ја избегнеме кавгата со некого или, пак, да размениме насмевки со другиот. И тоа се прекрасни нешта. Човекот, започнувајќи да благодари, чувствува како таа благодарност задолжително во душата му раѓа чувство на покајание, желба за молитва, та откако ќе ги изрече своите благодарности, ќе си вели, дека за цело време не е достоен за тие прости нешта…  И тогаш не е нужно да се бара завршеток на денот со молитви кои ќе ги вратат нештата на свое место. Човекот одеднаш прифаќа, дека е бескрајно возљубен од Бога и дека Бог независно од сè ќе продолжи да го љуби, што, пак, се разбира, не може да помине без да го исполни срцето со радост. Така таа радост постепено завладејува со човечките срца… Подвиг е да се принудуваш себе си да благодариш на таков начин. Подвиг е да се принудуваш себе си да се радуваш. И имено тоа е подвигот на нашето достигнување на Христа, затоа што ние даваме можност на Бог да влезе во нашиот живот вистински и разбираме дека на Бога можеме да му благодариме за сè.

Протоереј Алексеј Умински

Previous articleСвета Литургија во црквата Света Злата Мегленска во Хоперс Кросинг (Недела на Светите Отци)
Next articleСвета Литургија во црквата Свети Илија во Футскрај (Свети Кирил и Методиј)