На 27 септември, 2018 година, кога се празнува Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов (Крстовден), во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од богослужбата се изврши празничен водосвет.