Во црквата Свети Никола во Перт беше прославен храмовиот празник – споменот на Светиот Николај Чудотворец, Архиепископ Мирликијски.
На 18 декември, 2017 година, вечерта, беше одслужена празнична вечерна богослужба, а утредента, на 19 декември, празнична утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата беше извршен Мал Водосвет и беа благословени празничните славски лебови.
На многу години!