На 30 Јули 2017 година, во Осмата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светата великомаченичка Марина Антиохиска (Огнена Марија) и прeподобниот Лeoнид Устнeдумски, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, се богослужеше утрена богослужба и света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.