На 24 февруари, 2018 година, во првата сабота од Великиот Пост – Тодорова сабота, кога се празнува споменот на светиот маченик Теодор Тирон, светиот Лав Римски и светиот Флавијан Цариградски, во манастирот Свети Наум Охридски во Роклин, Викторија, се богослужеше Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни, по што се благослови празничното коливо (пченица) во чест на светиот маченик Теодор.