На 03 јуни, 2018 година, во Неделата на Сите Светии, кога го празнуваме споменот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По Литургијата, Светите Тајни Крштение и Миропомазание ги прими малата Ксенија.