На 4 февруари 2018 година, во Неделата на Блудниот син, кога се празнува споменот на светиот апостол Тимотеј и преподобниот маченик Анастасиј Персиски, во црквата Свети Илија во Футскрај, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.