На 18 февруари, 2018 година, во Сирната Недела (Прочка), кога се празнува споменот на светите маченички Агатија и Теодула, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога, се причести со Светите Христови Тајни и просеше Божји благослов за започнување на богоугоден и лесен Велигденски пост.