На 10 јуни, 2018 година, во Втората Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот епископ Никита Халкидонски, светиот Евтихиј, светата маченица Еликонида, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.