На 16 септември, 2018 година, во 16-тата седмица по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот свештеномаченик Антим Никомидиски и светата маченичка Василиса, во црквата Свети Никола во Престон, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.