На 6 мај, 2018 година, во Петтата Недела по Велигден (На Самарјанката), кога Црквата го празнува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во црквата Светa Богородица – Пречиста во Ливерпул, Сиднеј, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.