На 2 декември 2018 година, во 27-мата Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светиот пророк Авдеј и на светите маченици Варлаам и Јоасаф, во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Мелбурн, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Истиот ден, во манастирскиот простор, во организација на MCWA, традиционално, по трет пат, се одржаа „Vilage Games“ (Селски игри). Учесниците и посетителите на настанот беа послужени со посно манастирско гравче подготвено од организаторите.