На 18 февруари, 2018 година, во Сирната Недела (Прочка), кога се празнува споменот на светите маченички Агатија и Теодула, во црквата Свети Никола во Перт, се богослужеше неделна утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога, се причести со Светите Христови Тајни.
Вечерта се отслужи вечерна богослужба (проштална) на која верниот народ просеше Божји благослов за богоугоден Велигденски пост, и според обичајот секој од секого побара прошка и си простија.