Света Тајна Крштение

3711

Нашиот Господ Исус Христос рекол:

„Ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо“ (Јован 3, 5)

Со ова Он јасно укажува на потребата од Светата Тајна Крштение за секој човек, кој сака да влезе во Царството Небесно и да пребива во вечна радост со Бога, а како потврда за своите зборови и исполнување на пророштвото за Него Самиот дошол кај свети Јован Крстител, за тој да го крсти во водите на Јордан.

Во текот на извршувањето на Светата Тајна Крштение, по читањето на посебните молитви и по помазанието на човекот што дошол да се крсти со осветено масло, свештеникот го „крштева“ со осветена вода и три пати го потопува со зборовите: „Се крштева работ Божји (името), во името на Отецот, амин, и Синот, амин, и Светиот Дух, амин.“

Во тој момент благодатта на Светиот Дух како да го осветлува целиот човек и преку благодатното дејство, целото физичко и духовно битие на човекот се менува: Тој како повторно да се раѓа, во нов квалитет (поради тоа крштението и се нарекува второ раѓање).

Освен тоа, во Светата Тајна Крштение на човекот му даваат име, тој добива небесен покровител во лицето на светителот чие што име го носи, Бог му ги простува сите гревови што ги направил до Крштението, новокрстениот Христијанин стекнува наставник и чувар на душата – Ангел Божји, а благодатта стекната на Крштението Христијанинот ја носи во себе до крајот на животот, или умножувајќи ја со праведен живот, или губеќи ја со своите гревови.

Бог, преку големиот руски подвижник, преподобниот Сарафим Саровски, ни откри дека целта на христијанскиот живот е задобивање на Светиот Дух. Слично како што луѓето на овој свет се трудат да стекнат земни богатства, вистинскиот Христијанин се стреми кон стекнувањето на Благодат на Светиот Дух. Има повеќе начини за стекнување на ова нетрулежно богатство: тоа е и „умната молита“, и правењето милосрдни дела, и служењето на ближниот и многу други.

Секој Христијанин посебно, под раковотство на својот духовник, оди по овој или оној пат на служење на Бога и стекнување на Благодат. Но, еден пат е заеднички за сите Христијани – колку што е можно почесто посетување на храмот, учество во заедничката молитва, исповед и причестување на Светите Христови Тајни.

Од книгата: Црковен живот за почетници, Протоереј Александар Торик

Издавач: Библиотека „Св. Гаврил Лесновски“, Штип, 2012

Подготвила: Елена Атеска

Previous articleСвето Писмо
Next articleOn Watch - Prayers for any time