Скапоцената вазна

2399

Исплашени лица, расплакани очи, страв, па дури и паника ги опфаќале децата во едно основно училиште, во Атинскиот реон Калифеја. Катерина, нивната школска другарка од петто одделение, се борела по подот со дивите извици кои ја напаѓале. Тоа со неа честопати се случувало во одделението, во училницата или во училишниот двор. Девојчето било во постојан страв, зашто таа не можела да се смее, а со кошмари ги преживувала тие ужасни минути. Нејзините очајнички крици болно одекнувале во срцата на нејзините другари. Пред нивни очи стоел безумниот лик на Катерина, кој се бори со нападите. Нив деноноќно ги прогонувале тие страшни сцени.

Во време на нападите, девојчето лаело како куче, мјаукало како мачка, рикало како див ѕвер, а по телата на присутните минувало студ од тие звуци. Катерина не била психопат. Таа била психички здрава. Таа била – бесомачна. Психопатија – тоа е психичка болест, додека бесомачноста е заболување на духот. При бесомачност, бесот влегува во човекот и го води каде што сака тој – во пустини и безживотни места.

Уште пред да тргне на училиште Катерина добивала напади. Таа сега е петто одделение, а сè уште е измачувана од бесови. Таа често пати ги напаѓала родителите. Тие, пак, се молеле на Бога и ја носеле по разни свети места. И самото девојче постело и се молело за свое исцеление на Господа, на Божјата Мајка, на сите светители. Таа слушала дека демоните го напуштаат човекот кога тој пости и се моли, зашто за тоа им зборувал Самиот Христос на Своите Апостоли.

Двапати или трипати таа доаѓала со своите родители и при Светиот Јован Руски – исплашена и замислена. На колена се обраќала кон светителот со зборовите: „ Добар мој, Свети Јоване, те молам тебе од сè срце, излекувај ме со чудо и мене. Те молам, повеќе да немам напади, да не се удирам со камења, да не испуштам диви извици и да не ги плашам оние, кои се околу мене – родителите, другарите, соучениците. Добар мој Свети Јоване, јас сега растам, јас само што тргнав во петто одделение. Целата сум покриена со модринки од паѓања од нападите – дома, во училиште, на улица. Ти си излекувал многумина. Те молам, излекувај ме и мене“.

Така, со болки се молела Катерина, а болно одекнувала и молитвата во срцата на сите кои ја слушале. Заради нејзиното смирение, таа била многу сакана во училиштето.

Одеднаш, вечерта еден виток млад човек, како во сон, застанал пред неа. „Здраво Катерина, – ѝ рекол тој, – јас дојдов. Јас сум – Свети Јован од Русија. Бесот ќе си замине. Ти повеќе нема да паѓаш и на тебе повеќе ќе нема повреди, ниту маки. Наутро, кога ти ќе се разбудиш, кажи ѝ на твојата мајка, дека вие сте должни повторно да дојдете кај мене и да донесете цвеќиња“.

Расказот на ќерката за сонот мајката го ислушала како радосна вест. Со години и години таа го чекала овој повик од небото. И навистина – небото ги послушало. Бесовите не се изгонуваат со лекарства и медицински терапии. Родителите се бореле со лукавите духови и знаеле, дека тие не се средновековни фантазии, како што зборувале некои. Родителите биле сведоци, дека таа се борела со представници од невидливиот свет. Преку состојбата на својата ќерка тие виделе дека демоните нив ги познаваат, а исто така, ги знаеле и нивните желби. Бесовите го користеле за своите цели нивното дете.

Мајката отишла во продавницата и купила скапоцена вазна од порцелан и злато. Ги купила и најскапите цвеќиња, исполнувајќи ја волјата на светителот, кој посакал да му бидат принесени цвеќиња.

Каква прекрасна глетка! Незаборавна слика! Минути, исполнети со величенственост! Мајката ја држи со една рака Катерина, а со другата – скапоцената вазна, па така пристапуваат кон моштите на Светиот Јован. Со солзи на благодарност тие ја оставиле вазната кај кивотот со моштите и паднале ничкум онака, како што паѓале секогаш кога се молеле на Свети Јован. Во длабока молитва тие искажале благодарност кон Божјиот угодник.

Што се случило со Катерина? Таа го завршила школувањето и мечтае да пронајде достојно место во оштеството. Можеби ќе прашате: ја нападнале ли бесовите повторно? Но, зарем Свети Јован не ѝ рече: Бесот ќе си замине! И бесот заминал засекогаш. Во тоа е убедена и Катерина. Со тоа чувство таа живее во љубов и Божја милост.

14 декември 1980 година

Од книгата: „Новите чуда на Свети Јован Руски“

Издавач: Митрополитска библиотека “Свети Јован Богослов“, Битола 2006

Подготвила: Ленче Атеска 

Previous articleШто да прават родителите за нивните деца да станат добри луѓе
Next articleDo not rush for three things