Христијанската вера е дар Божји но и заслуга на човекот

2161

Христијанската вера, е ДАР БОЖЈИ, со чија сила го примаме како потполна вистина сето она што Бог ни го открил.

Велиме дека верата е ДАР БОЖЈИ затоа што таа е дејството на Божјата благодат, која ни го просветува разумот, ни го стоплува срцето и ни ја раздвижува волјата, за да го примиме и со непоколебливост да го чуваме како неоспорна вистина сето она што Бог ни го открил.

Но, таа, воедно е и ЗАСЛУГА НА ЧОВЕКОТ, бидејќи верува само оној што сака.

“Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден“ (Мк.16,16).

Зборовите: “Сè што открил Бог“ покажуваат дека христијанинот треба да го верува она што го направил Бог заради спасението на светот, преку патријарсите и пророците во Стариот Завет, и преку Исуса Христа и светите апостоли во Новиот Завет.

               превел од романски: свештеник Оливер Ивановски

Previous article19th Sunday after Pentecost - Liturgy in the church of St. Elijah in Fооtscray
Next articleRejoice, because you are human!