„Христос воскресе!“ не како формула а како жива реалност и исповедање на верата

7092

Кога бев млад и особено како студент по богословие, си поставив задача многу внимателно да прочитам и проследам што кажуваат апостолите во Евангелијата и во книгата Дела апостолски за Христовото Воскресение. И откако исчитав сè, сфатив дека на крајот од краиштата тоа не е апсолутно убедливо. Тоест, ние ја имаме информацијата, но не можеме наполно да бидеме убедени според тоа кое сме го прочитале. И всушност, мислам дека никој не се убедил во вистината на Христовото Воскресение единствено од прочитувањето на Евангелијата. Зошто? Затоа што Воскресението е повисоко од сè кое може да се очекува и кое може да се прими врз основа на информацијата. Ниту од Евангелијата, ниту од слушањето на зборовите на некој друг, ниту од некоја проповед. На секој кому му е доверена вистината за Христовото Воскресение, ја примил како што ја примиле и тие пред него, кои достигнале да кажат „Христос воскресе!“ не како формула, а како жива реалност, како исповедање на верата – сите тие успеале да ја примат оваа вистина единствено со благодатната сила на Господа. Да знаете, дека само Бог може да ни вдахне вера во божествените вистини.

Старец Теофил (Перејан)

Previous articleТомина Недела – Литургија во црквата Света Богородица – Пречиста во Ливерпул
Next articleOn each new day you appreciate your time