Акатист на Мајката Божја и Недела на Православието во Престон

37

На 07 март, 2025 година, во петокот од Првата седмица на Великиот Пост, во црквата „Свети Никола“ во Престон, се отслужи Акатист кон Пресвета Богородица.

После Акатистот се изврши и чинот на благословување и осветување на принесените петолебија.

На 09.03.2025 се богослужеше Света и Божествена Литургија во спомен на Неделата на Православието и Првото наоѓање на главата на Свети Јован Крстител.

Верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.

Previous articleНедела на Православието во Донибрук
Next articleПреждеосвештена литургија во Перт