На 28 октомври 2018 година, кога бсе празнува споменот на светите 40 битолски преподобномаченици, во Соборната црква Раѓање на Пресвета Богородица во Сиденхам, Мелбурн, Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Петар, богослужеше вечерна богослужба и Света Архиерејска Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Истиот ден, Надлежниот Архиереј благоволи да го ракопроизведе г-динот Гоце Домазетовски во чин „чтец“.