Архиерејско сослужување во соборниот храм во Мелбурн

1808

На 10.12.2023. на покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар, дојде Епископот Австралиско – Новозеландски г. Силуан – епископ на Српската Православна Црква заедно со свештенството и монаштвото од Мелбурн. Светата Архиерејска Литургија се богослужеше во Соборниот храм на МПЦЕАНЗ „Раѓање на Пресвета Богордица“ – Сиденхам, Мелбурн. Нашиот Митрополит се заблагодари на присуството на Епископот Силуан и му подари икона на Светиот Силуан Атонски, а пак Епископот Силуан се заблагодари на поканата и му подари на нашиот Митрополит архиерејска панагија.

На Литургијата, Митрополитот г. Петар, сппоред одлуката на САС на МПЦ-ОА, а на негов предлог, го награди со ставрофорски чин, право на носење на граден крст, долгогодишниот свештеник од Мелбурн – протоереј Јовица Симоновски.

Многубројниот верен народ се причести со Телото и Крвта Христови, а накрајот сите заедно се послужија на трпезата на љубовта приготвена од парохјаните на Соборниот храм.

Потоа двајцата архиереи ја посетија МПЦО „Света Петка“ во Мил Парк и манастирот „Свети Прохор Прински“ во Донибрук.

Previous articleВоскресна Вечерна богослужба во Сиденхам – Мелбурн
Next articleСредба во Соборниот храм во Мелбурн