Бдение за празникот на Сите Светии и Свети Лука Кримски Чудотворец во манастирот на Свети Прохор Пчински во Донибрук

1987

На 11 Јуни, кога Светата Православна Црква го чествува споменот на Сите Светии и светиот Лука Кримски Чудотворец, во новоизградениот соборен храм (во завршна фаза) во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, архимандритот Никодим (Солунчев) заедно со присутните верници отслужи сеноќно бдение.

Слава на Светата Единосуштна и Неразделна Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух!

„Не постои човек кој не може да постане светител, доволно е да е малку јунак, да има природност, малку човечко во себе, мир, прифаќање. Значи, да го прифаќа сé она што го снаоѓа во животот, да не паѓа во агонија за било што. Ни за себе, ни за Црквата, ниту за општеството ниту за времето.“

Старец Емилијан Симонопетриски

Previous articleСветол Петок и Празникот Пресвета Богородица – Живоносен Извор во манастирот Донибрук
Next articleПрославен празникот на преподобен Наум Охридски во неговиот манастир во Роклин