Божествена Литургија, неделно училиште и прием на гости во Футскрај

22

На 17 ноември, 2024 година, во дваесет и првата недела по Педесетница, кога се празнува споменот на Преподобен Јоаникиј Велики и на Свети Свештеномаченици Никандар и Ермеј, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата и Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за дечињата.

Благодарност до нашите гости: д-р Даниел Мулино, член на Парламентот и претставник на гласачкото тело од областа Фрејза, Касандра Фернандо, член на Парламентот и претставник на гласачкото тело Холт и Мајкл Донован, државен секретар на најголемиот синдикат, ја посетија нашата црква, Свети Пророк Илија во Футскрај, на Божествена Литургија и сите заедно се молевме на Бога за мир во светот и благосостојба.

По завршуваьето на литургијата, верниците имаа можност да се запознат со гостите.

Previous articleДваесетта недела по Педесетница во Футскрај
Next articleДваесет и прва недела по Педесетница во Сиденхам