Велигденска радост за децата кои ги посетуваат часовите по Веронаука во Сиднеј

1722

И оваа година, на Вториот ден Велигден, парохискиот свештеник протоереј Димче Воиновски ги посети учениците во основното училиште „Peakhurst West Public School“ во Сиднеј, и ги израдува со подарок – велигденско јајце честитајќи им го празникот на Христовото Воскресение со најрадосниот поздрав – Христос воскресна!

Во ова училиште, веќе неколку учебни години по редовната настава, во рамки на „Mакедонското етничко училиште Филип II“, на децата им се одржуваат часови по православна веронаука. Во овие велигденски празнични денови, отецот Димче пред учениците одржа уште еден час, на кои нашите најмлади се поучија со убавината на православна вера – верата во Воскресението Христово, кој е централен и најголем настан во историјата на човештвото, залог и исполнение на вечниот и блажен живот.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

 

 

Previous articleПрославен празникот на Свети Георгиј Победоносец во црквата Успение на Богородица во Бризбен
Next articleСвета Литургија во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук