Водици во Футскрај

22

На 19 јануари, 2025 година, во триесеттата недела по Педесетница, на празникот Богојавление – Водици – Крштавање Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По Литургијата, беа дарувани црковните икони и се изврши Големиот Богојавленски водосвет.

Верниот народ ги воспеа големите добрини направени за луѓето. Бог се јави и Христос – единствениот чист во Јордан се крсти за да ги освети водите и сета твар.

+ Бог се јави! Навистина се јави! +

Previous articleВодокрст во Футскрај
Next articleСоборот на Свети Јован Крстител прославен во Футскрај