Епархиско свештеничко собрание во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук

1152

На 7 декември 2022 г., во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук, Викторија, на празникот на светите великомаченици Екатерина и Меркуриј, по Архиерејската литургија, под претседателство на надлежниот Архиереј, се оддржа Епархиско свештеничко собрание на кое се разгледаа повеќе прашања од црковно-литургискиот живот, како и најновите состојби во нашата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, по нејзиното признавање и прифаќање како автокефална, и беа донесени повеќе заклучоци.

На Епархиското свештеничко собрание беше предложена и едногласно прифатена посебна Декларација, потпишана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар и сите свештеници на Eпархијата.

Според Одлуката на Епархиското Свештеничко Собрание и ЕУО на МПЦЕАНЗ, по Декларацијата треба да се произнесат и да ја потпишат сите тела и органи (црковни одборници) во црковните општини и манастири при Македонската Православна Црква – Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

Previous articleАрхиерејска Литургија, Ракопроизводство во архимандритски чин и Епархиско свештеничко собрание во манастирот Свети Прохор Пчински во Донибрук
Next articleСЛУЖБЕН ДЕЛ НА АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА (12.11.2022 – 08.12.2022)