На 5 јануари, 2023 година, кога нашата Македонска православна црква го чествува споменот на преподобниот отец Наум Охридски, во манастирот во Роклин, по повод патрониот празник, во сослужение на неколку свештеници се отслужи вечерна, а утредента утрена богослужба и света Литургија.
На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По литургијата, во манастирската трпезарија од овогодинешните домаќини беше послужена празнична трпеза.