На 9 март, 2025 година, во Првата Недела од Великот Пост, Недела на Православието, кога се празнува споменот на Победата на Православието и на Првото и Второто наоѓање на чесната глава на Свети Јован Крстител, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
По Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за децата.






