Недела на Сите Светии во Футскрај, Мелбурн

450

На 30 јуни, 2024 година, во Првата недела по Педесетница – на Сите Светии, кога се празнува споменот на светите маченици Мануил, Савел и Исмаил и на преподобните Пиор и Јосиф, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата и Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за дечињата.

Previous articleПедесетница – Духовден во Футскрај
Next articleВтора Недела по Педесетница и Иванден во Сиденхам