На 12 јануари, 2025 година, во дваесет и деветтата недела по Педесетница, неделата по Рождество, неделата пред Богојавление и неделата посветена на Светите Богоотци, кога се празнува споменот на Свети Гаврил Велички, маченичка Анисија, Света Теодора и Свети Јосиф, во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.