Петковден во Футскрај

263

На 27 октомври, 2024 година, во осумнаесеттата недела по Педесетница, кога се празнува споменот на преподобната Параскева – Петка Епиватска (Петковден), во црквата Свети Пророк Илија во Футскрај, се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. Богослужеше: протоереј – ставрофор Љупчо Каревски.

На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.

По богослужбата и Светата Божествена Литургија, се одржа Неделното училиште за дечињата.

Previous articleПразникот на Света Злата Мегленска прославен во Футскрај
Next articleДеветнаесетта недела по Педесетница во Престон