Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар, излезе од печат Православниот календар за простата 2025 година. Календарот ги содржи сите информации за календарската година и контактите на парохиските цркви, парохиските свештеници и манастирите во МПЦЕАНЗ.
Каленадарчето е испечатено со лесно читлива големина на буквите и е достапно за верниците во сите парохиски цркви и манастири во Епархијата за Австралија и Нов Зеланд.