Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Петар, излезе од печат Православниот џепен календар за 2023 година. Календарот ги содржи сите информации за календарската година и контактите на парохиските цркви, парохиските свештеници и манастирите.
Каленадарчето е испечатено со лесно читлива големина на буквите и е достапно за верниците во сите парохиски цркви и манастири во Австралиско-новозеландската епархија.