На 6ти и 7ти декември 2023 година кога ги празнуваме светите маченици Екатерина и Меркуриј, во храмот „Свети пророк Илија“ во Силванија – Сиднеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар богослужеше и проповедаше на Вечерната богослужба, а утредента и на Светата, Архиерејска и Божествена Литургија, во сослужение со парохискиот свештеник: протоереј Димче Воиновски.
На Литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.
