На 3ти и 4ти декември 2023 година кога ја празнуваме Пресветата и Пречиста Богородица, во нејзиниот храмот „Пречиста“ во Ливерпул – Сиднеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско – пелагониски и Администратор Австралиско – Новозеландски г. Петар богослужеше и проповедаше на Вечерната богослужба, а утредента и на Светата, Архиерејска и Божествена Литургија, во сослужение со парохискиот свештеник: протоереј Рубин Бојчески, протоереј Митко Митрев и протоереј – ставрофорот Ѓуро Ѓурѓевиќ од црковната општина „Свети вмч. Георгиј“ во Кабрамата на Српската Православна Црква.
На литургијата верниот народ се причести со Телото и Крвта Христови.