На 25 Декември, 2019 година, кога се празнува споменот на светиот Спиридон Чудотворец епископ Тримитунски, во манастирот на Свети Прохор Пчински, Донибрук, во сослужение на свештенството на Австралиско-новозеландската епархија се богослужеше утрена богослужба и Света Божествена Литургија. На Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По богослужбата се послужи и благослови традиционалното манастирско гравче.
Во дворот на манастирот беше одржан и традиционалниот редовен пикник. Манастирот на денот на Светиот Спиридон го посетија над 350 возила, или над 1200 посетители од кои повеќето фамилии на млади и деца.
Гостите од Мелбурн и околината штедро го даруваа манастирот, и собраа донација од $14,500.00 илјади австралиски долари. Собраните средства ќе се употребат за изработка на иконостасот во новата манастирска црква.