На 9 август, 2019 година, во црквата во Футскреј посветена на светиот великомаченик Пантелејмон и светите Седмолисленици: Методиј и Кирил, Климент и Наум Охридски, Сава Горазд и Ангелариј, молитвено и литургиски се одбележа храмовиот празник.
На Литургијата, верниот народ се заблагодари на Бога и се причести со Светите Христови Тајни.
Во црковната трпезарија од овогодинешните домаќини беше послужена трпеза на љубовта.
Нека е за многу години серадосниот празник!